Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Еден средношколски професор по поезија и самохран татко открива дека работата која најмногу ја посакува во животот можеби не е она што навистина го прави среќен во оваа црна комедија со Робин Вилијамс, во режија на Бобкет Голдвејт.Робин Вилијамс го глуми Ленс Клејтон, човек кој научил да се помирува со работите. Тој сонувал да стане богат и познат писател, но успеал само како средношколски професор по поезија. Неговиот син единец, Кајл (Дерил Сабара) е голем идиот кој арогантно се однесува кон својот татко. Ленс излегува со Клер (Алекси Гилмор), убавата професорка по ликовно во училиштето, но таа не сака сериозна врска, па дури ни јавно да признае дека се гледаат.
Потоа, по една чудна несреќа, Ленс ја доживува најголемата трагедија, а и најголемата шанса во својот живот. Тој одеднаш се соочува со можност да ги добие славата, богатството и популарноста за кои има сонувано, но само доколку може да живее со сознанието за тоа како ги добил.
Се емитува
Прикажи ги сите
24-05-2012 00:55
02-06-2012 00:20
02-06-2012 20:20
14-06-2012 01:20
17-06-2012 23:00
18-06-2012 20:25
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!