Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Приказна за немирното момче Брајс и неговата сосетка Џули која уште од второ одделение е вљубена во својот соученик кој се плаши од девојчиња. Во текот на шест години, Џули копнее по Брајс, а тој прави сè да ја одбие. Но, тогаш... Кога второодделенците Брајс и Џули прв пат се запознаваат, Џули знае дека се работи за љубов. Но, Брајс не е толку сигурен. Младиот Брајс се плаши од девојчињата и е многу срамежлив, па прави сè што може за да го оддалечи девојчето кое сака да му биде девојка... во следните шест години, што не е лесно со оглед на тоа што одат во истото училиште и живеат на истата улица, еден спроти друг. Подоцна, кога тие двајцата одат во средно училиште, Брајс ги открива девојките, па работите почнуваат да се менуваат. Но, дали Џули сè уште ќе биде заинтересирана по сè што Брајс направил за да ја одбие?
Оваа мила романтична комедија за созревањето од режисерот Роб Рејнер ја прикажува оваа двојка од основно до средно училиште, минувајќи низ триумфи и катастрофи, семејна драма и прва љубов, откривајќи работи кои ќе ги дефинираат како личности, но и како луѓе кои си значат меѓусебно.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!