Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Приказна за дивите авантури на тинејџерот по име Ник Твисп кој ја среќава девојката на неговите сништа додека е на семеен одмор и мора да создаде хаос во својот и во туѓите животи за да биде со неа.Ник Твисп е „запален“ тинејџер кој сака да биде писател, живее според песните на Френк Синатра и ги цени филмовите на Фелини, саркастично набљудувајќи ги животите на неговите разведени родители – татко му, кој живее со многу помладата русокоса манекенка и мајка му, која ги прифаќа сите мажи кои може да ги најде. И покрај целиот тој интелект, тој само сака да се вклопи. Додека ги придружува својата мајка и нејзиниот моментален љубовник на еден одмор во приколка, тој се вљубува во Шини, која за него претставува совршенство. Тие имаат сладок, но краток летен флерт (при што невиноста на Твисп останува недопрена), но Ник сака тоа да трае вечно. Усвојувајќи двојна личност како Франсоа, неговото опасно алтер-его, Ник прави сè што може за да го исфрлат и да може да живее блиску до Шини. На почетокот на филмот, Ник забележува дека „во филмовите, доброто момче ја добива девојката, а во реалноста тоа е кретенот“, па се обидува да ги поправи работите во тој поглед. Неговата цел е само да се бори за нејзината љубов.
Се емитува
Прикажи ги сите
31-05-2012 00:00
08-06-2012 02:20
08-06-2012 20:30
23-06-2012 02:05
23-06-2012 23:00
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!