Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Оваа драма врз основа на вистинита приказна е адаптирана од животот на Брендон Тина, родена како Тина Брендон, жена која одбира да живее како маж и трпи трагични последици поради тоа.Хилари Свонк заслужено ја доби наградата Оскар за најдобра актерка во 1999 за својата улога во оваа неверојатна драма базирана на факти. Брендон Тина е популарното ново момче во еден мал град во Небраска. Тој се дружи со момците, пие, пцуе и се влече по браниците на колите, а и ги шармира младите дами кои никогаш не запознале почувствителен и понежен млад маж.
Животот е добар за Брендон сега кога е еден од момците и излегува со убавицата, Лана. Сепак, тој заборава да спомене еден важен детал. Не дека го бараат во друг град за кражба на кола или друг вид на криминал, туку Брендон Тина всушност е жена по име Тина Брендон. Кога најдобрите пријатели на Брендон го откриваат тоа, неговиот живот на крајот е растргнат од предавство, понижување, силување и убиство.
Се емитува
28-05-2012 03:35
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!