Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Злобната мачка, Кити Галор прави злобна завера за да ги покори не само нејзините кучешки непријатели, туку и нејзините сродници, мачките. Соочени со оваа закана, мачките и кучињата се присилени да се соединат во еден неприроден сојуз.Една луда мачка оди предалеку во вечната борба помеѓу мачките и кучињата. Кити Галор, поранешна елитна агентка на шпионската организација МЈАУ, се одметнува. Таа планира за 48 часа да активира пеколен уред кој не само што ќе ги покори нејзините кучешки непријатели, туку и нејзините поранешни мачешки другари, при што целосно ќе го преземе светот.
Соочени со оваа непосредна закана без преседан, мачките и кучињата ќе бидат присилени да работат заедно по прв пат во историјата во овој чуден сојуз за да се спасат себеси, како и луѓето, од оваа глобална катастрофа. Судбината е во нивните шепи!
Време е да лета крзно.
Се емитува
Прикажи ги сите
24-05-2012 16:50
27-05-2012 06:00
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!