Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Тој изгледаше како обичен работник од улиците и совршен за лажно обвинение за еден политички атентат. Но, тој е МАЧЕТ, легендарен поранешен специјалец со смртоносен став и исто толку смртоносни вештини.Предаден по еден судир со озлогласениот мексикански нарко бос, ТОРЕЗ, Мачет пребегнува во Тексас во желба да исчезне и да заборави на своето трагично минато. Но, тој наоѓа мрежа од корупција и лаги во која еден сенатор е застрелан, а Мачет е обвинет. Мачет се обидува да го исчисти своето име и да ја разоткрие заверата. Но, на неговиот пат стојат БУТ - бескрупулозен бизнисмен со голема банда од најмени убијци, ВОН - изопачен одметник на границата, кој води мала армија и САРТАНА РИВЕРА - убава службеничка за емигранти која е поделена во желбата да го спроведува законот и да го прави она што е исправно. На Мачет му помагаат ЛУЗ - секси сопственичка на камионче кое продава тако, со бунтовен дух и со револуционерно срце, како и ПАДРЕ - свештеник кој е добар во давање благослови, но е подобар во ракување со оружје. Патот на Мачет, кој е полн со куршуми, крв и скршени срца, на крајот го доведува назад кај ТОРЕЗ во една епска борба за одмазда и искупување.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!