Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Неколку поврзани приказни се одвиваат во едно средно училиште додека се приближува големата игранка. „Матурска“ го прикажува нестабилниот премин од средното училиште кон независноста, додека некои врски се гаснат, а други се создаваат.Во „Матурска“ секој пар има приказна и секоја приказна е различна од другата.
За Нова Прескот (Ејми Тигарден), се работи за внатрешен немир кога почнува да ја привлекува момчето (Томас Мекдонел) кое ѝ пречи на нејзината совршена матурска. Матурантите, Меј (Јин Чанг) и Тајлер (Девон Никсон) чуваат тајни, додека другите се соочуваат со несигурноста и нетрпеливоста која го опкружува еден од најбитните настани во средното училиште. Во средно училиште минуваме низ стотици вечери, но само една е „Матурска“.
Се емитува
Прикажи ги сите
25-05-2012 11:15
03-06-2012 12:00
11-06-2012 11:00
23-06-2012 16:40
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!