Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кога Мармадјук заедно семејството се сели во ново соседство во Оринџ Каунти, Калифорнија, ова огромно куче-тинејџер дознава дека вклопувањето во друштвото на неговите нови четириножни пријатели и потенцијални љубови, не е секогаш лесно.
Мармадјук, најсимпатичниот дански пес, се префрла од славниот стрип (кој се појавува во 600 весници, во преку 20 земји) на големиот екран. Огромниот пес кој никогаш не се вклопува во средината, конечно наоѓа место каде е во ред да си поинаков. Сега, откако се преселува во Оринџ Каунти, Калифорнија, Мармадјук му помага на своето семејство при преминот од Средниот Запад во Оринџ Каунти. Но, тој исто така открива и дека вклопувањето во средината на своите нови пријатели не е секогаш лесно за пес-тинејџер што тежи 90 килограми. За среќа, грбот на Мармадјук секогаш го чува неговиот „полубрат“ и најдобар пријател, Карлос, руски син мачор.
Се емитува
Прикажи ги сите
29-05-2012 14:25
08-06-2012 11:50
08-06-2012 16:20
18-06-2012 16:35
30-06-2012 09:40
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!