Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Емили, надарена 14 годишна виолинистка нема да оди на летен камп со пријателите за да вежба за својата аудиција во престижниот Младински оркестар на Сан Франциско.Емили Линдстром (Јуан Рејчел Вуд), надарена 14 годишна виолинистка, нема да оди на летен камп со своите пријатели за да се подготви за својата аудиција за престижниот Младински оркестар на Сан Франциско. Емили започнува и еден паралелен бизнис: децата од соседството ги кажуваат своите тајни за цена од 50 центи. Сепак, таа има и една своја тајна; во соседството се преселува едно ново семејство и додека Филип (Мајкл Ангарано), кој е малку помлад од Емили, развива симпатија кон неа, таа веднаш се вљубува во неговиот постар брат, Дејвид (Дејвид Галагер). Сепак, Дејвид има навика да запаѓа во неволји, па наскоро Емили почнува да чува тајни кои би сакала да ги тргне од своето срце. Наскоро, таа открива дека постои цена која треба да се плати кога се чуваат тајни и дека таа не се мери во пари.
Се емитува
Прикажи ги сите
26-05-2012 06:00
12-06-2012 18:00
21-06-2012 13:20
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!