Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Грег Фокер (Бен Стилер) конечно почнува да ја добива почитта од својот свекор кој е поранешен член на ЦИА, Џек Бирнс (Робер Де Ниро), но останува уште еден важен тест: дали Грег ќе докаже дека може да биде следната глава на семејството?Тестот на волјата помеѓу Џек Бирнс (Роберт Де Ниро) и Грег Фокер (Бен Стилер) ескалира во ова продолжение на „Запознајте ги родителите“ и „Запознајте ги Фокери“.
Потребни беа 10 години, двајца мали Фокери и сопругата Пем, како и безбројни тешкотии за Грег конечно да се прилагоди на својот напнат свекор, Џек. Откако таткото поради своите финансиски проблеми прифаќа работа како приватен детектив за една компанија за лекови, сомнежите кои ги има Џек кон својот омилен болничар, почнуваат да се враќаат. Кога целиот клан на Грег и Пам, вклучително и разочараниот бивш сопруг на Пем, Кевин, се здружува за забавата на близнаците, Грек мора на скептичниот Џек да му докаже дека е целосно способен да биде маж во куќата. Но, и покрај сето недоразбирање, шпионирање и тајни мисии, дали Грег ќе го положи крајниот тест и ќе стане следната глава на семејството -- или пак довербата засекогаш ќе биде уништена?
Се емитува
Прикажи ги сите
03-06-2012 15:25
04-06-2012 07:40
14-06-2012 18:25
15-06-2012 07:45
26-06-2012 12:20
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!