Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Доаѓа до болно, а сепак комично патување кога еден војник решава да киднапира непријателски генерал и да го врати во својата држава за да добие награда. Но, тие двајцата наскоро дознаваат дека мораат да се здружат за да преживеат! Се работи за најтемните моменти во Кина, кога безмилосните воени лидери меѓусебно се борат за да ја задоволат својата бескрајна агресија. Милиони луѓе умираат, а оние кои преживуваат имаат два избори - да убијат или да бидат убиени. Трупите на спротивставените држави, Лијанг и Веј се судираат во крвав бој кој трае од самрак до зори. Само двајца луѓе остануваат живи – еден обичен војник од Лијанг и противничкиот генерал од Веј. Војникот преживува бидејќи е експерт во преправање дека е мртов со еден уред кој е прикачен на неговото тело и изгледа како стрела која го пробива за да изгледа пореално.
Војникот го заробува ранетиот генерал во надеж дека ќе го искористи непријателот како билет за својата слобода со тоа што ќе го предаде генералот на водачот на Лијанг. Војникот се надева дека ќе биде пуштен и дека ќе се врати дома и ќе живее мирен живот.
Иако младиот генерал е заробен, тој се однесува арогантно кон стариот војник. Двајцата мажи честопати се караат во текот на нивното патување.
Се емитува
20-05-2012 21:55
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!