Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Пред еден долг празничен викенд, Кевин Карсон сфаќа дека тукушто добил 370 милиони долари. Тој знае дека соседите ќе почнат да го бараат во истиот миг кога ќе се рашири веста. И има право...Кевин Карсон (Бау Вау) е млад човек кој живее во маалските згради и е обичен тип... сè додека не добие 370 милиони долари во лотаријата „Мондо Милионс“.
Тоа се добри вести.
Лошите вести се тоа што канцеларијата за подигнување на парите е затворена за продолжениот викенд за 4 јули, па пред да може да си ја подигне наградата, Кевин ќе мора да смисли како да ја крие својата добра среќа и да ги преживее следните три дена. Додека низ маалото со брзина на светлината се шири веста, Кевин набргу ги открива добриот, лошиот и грдиот кај своите најблиски пријатели и соседи. Девојките кои порано не го ни забележувале, сега почнуваат да го бркаат. Сите сакаат дел од него – вклучително и свештеникот, локалниот лихвар и еден страшен бивш затвореник кој не прифаќа негативен одговор. Бегајќи и со попуштени нерви, тој дури почнува и да ги преиспитува намерите на својот најдобар пријател, Бени (Брендон Т. Џексон).
Тој исто така почнува и да ја сфаќа моќта што ја има во рацете и што навистина би значело тоа лото ливче за него, неговата иднина и за заедницата.
Смешно е што сè би сториле луѓето кога се работи за пари.
Се емитува
Прикажи ги сите
19-05-2012 14:40
28-05-2012 15:50
07-06-2012 01:00
10-06-2012 13:30
10-06-2012 18:45
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!