Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кога градежникот Ден Сендерс (Брендан Фрејзер) го сели семејството во рурален Орегон, за еден голем проект, еден ракун ги собира шумските пријатели за да пружат отпор. Несреќниот градежник сфаќа дека некоја природа е најдобро да не се гиба.
Урнебесна нова комедија за целото семејство, во главната улога во „Крзнена одмазда“ е Брендан Фрејзер (МУМИЈА) како еден градежник, чиј најнов проект им се заканува на домовите на локалните шумски суштества. Шумските суштества не сакаат нивните домови да бидат вознемирувани и бараат комична одмазда, претворајќи го мирното градилиште во борбена зона од епски размери. Предводени од еден неверојатно паметен ракун, разноликата група животни е многу поинтелигентна, поснаодлива и поотпорна отколку што очекуваше нашиот херој. Се работи за човек против природа и крзна ќе летаат!
КРЗНЕНА ОДМАЗДА е жива акциона комедија со компјутерски анимирани ефекти, во која глумат Брук Шилдс, Мет Прокоп (СРЕДНОШКОЛСИ МЈУЗИКЛ 3) и Кен Јеонг (МАМУРЛАКОТ, АНАНАС ЕКСПРЕС).
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!