Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
По 40 години скитање, еден кантри музичар се враќа дома во еден зафрлен дел на Тенеси, наоѓајќи ја својата напуштена жена остарена и овената, а неговите тројца синови пораснати и лути. Само неговиот внук го третира со почит...Поминаа 40 години откако Е. Ф. Бладворт (Крис Кристоферсон), скитник и кантри музичар, ја напуштил својата сакана сопруга и своите синови за да живее скитнички живот. На крајот, Бладворт повторно се појавува, присилен да се соочи со последиците од неговото заминување. Бидејќи неговата поранешна сопруга, Џулија (Френсис Конрој) е психички уништена, а негови тројца синови, Ворен (Вал Килмер), Бојд (Двајт Јоакам) и Брејди (В. Ерл Браун) се огорчени поради годините поминати во лутина, единствената утеха за Бладворт е неговата добра врска со Флеминг, внукот кој никогаш не го запознал. Но, дали кога Флеминг се среќава со Рејвен (Хилари Даф), жената на неговите сништа, присуството на Бладворт ќе предизвика историјата да се повтори?
Се емитува
Прикажи ги сите
22-05-2012 04:20
01-06-2012 02:50
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!