Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Врз основа на култниот бродвејски мјузикл од 1960-те, „КОСА“ ја раскажува приказната за млад човек од Оклахома, кој одлучува да се придружи на армијата. Тој пристигнува во Њујорк, се спријателува со група хипици и се вљубува...Шеесеттите биле див и турбулентен период во историјата на западниот свет. Филмот „Коса“ од режисерот одликуван со оскар, Милош Форман, претставува музичко претставување на таа ера, прикажувајќи го дивиот дух кој бил главна карактеристика на Времето на водолијата.
Филмот започнува со Клод, млад провинцијалец кој пристигнува во Њујорк. Тој се среќава со една дружина хипици во Централ Парк, а судирот на животни стилови и политички верувања е очигледен. Одлуката на Клод да се придружи на армијата не е во согласност со хипичката филозофија за мир, љубов и ненасилство. Неговото воведување во светот на дрогите го комплетира културниот шок што го искусува.
Хипиците ги води Бергер, чиј танц на масата на една ексклузивна забава претставува генијално спротивставување против елитизмот и моќна метафора за бунтовниот дух кој тогаш ја обземал земјата. Додека Клод го истражува овој нов и прекрасен свет, тој е збунет поради богатството можности и е присилен да ги преиспита своите стари вредности.
Повеќе од сé, духот на филмот и ерата се прикажани преку песната, танцот и слободата. „Коса“ тука ги има своите најдобри моменти.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!