Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Поранешниот шпион на ЦИА, Боб Хо (Џеки Чен) работи на најтешката задача до сега: да ги чува трите деца на својата девојка. А кога едно од децата презема една тајна формула, непријателот на Боб го посетува семејството...Во семејната акциона комедија, КОМШИЈАТА ШПИОН игра Џеки Чен во улогата на Боб Хо, таен шпион на ЦИА кој одлучува да ја напушти својата кариера во шпионажата за да има мирен живот со својата сосетка и девојка, Џилијан (Амбер Валета). Но, Боб треба да изврши уште една мисија пред Џилијан да се согласи да стапи со него во брак: да ги освои симпатиите на нејзините три деца. Кога Џилијан ненадејно мора да си замине од градот, Боб доброволно се пријавува да ги чува децата за да може да го добие нивното одобрување. Но, кога едно од децата по грешка презема една тајна формула од неговиот компјутер, непријателот на Боб, кој е руски терорист, почнува со нападот, присилувајќи го Боб да балансира помеѓу улогите на шпион и очув во најпредизвикувачката мисија на неговата кариера!
Се емитува
Прикажи ги сите
31-05-2012 09:20
13-06-2012 11:10
13-06-2012 18:00
24-06-2012 23:00
25-06-2012 20:25
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!