Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Мет Дејмон глуми во мрачниот комичен шпионски трилер од режисерот добитник на Оскар, Стивен Содерберг, и продуцентот Џорџ Клуни, заснован на вистинита приказна за најголемиот кодош во американската корпоративна историја.Марк Витакер (Мет Дејмон) брзо напредува во гигантот на земјоделската индустрија, „Арчер Даниелс Мидленд“ (АДМ), когадознава за мултинационалниот заговор за местење на цените во кој е вмешана компанијата, па решава да ги предаде доказите на ФБИ. Убеден дека ќе го прогласат за херој на народот за својата постапка, Витакер се согласува да биде озвучен и да носи скриен касетофон за да собере докази кои се потребни за обвинението против алчните луѓе во АДМ. За жал, и случајот и интегритетот на Витакер се компромитирани кога агентите на ФБИ стануваат фрустрирани од постојаното менување на исказот на нивниот информатор, па откриваат дека тој баш и не е „светецот“ кој се прикажува. Во неможност да ја одвојат реалноста од фантазијата на Витакер додека се борат да изградат случај против АДМ, ФБИ со ужас гледа како најголемото корпоративно разоткривање во американската историја се заканува да пропадне пред нивните очи. Скот Бакула, Џоел Мекхејл и Мелани Лински играат во другите улоги.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!