Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Сè може да се смени одеднаш... и да мине долго време за да се врати старото. Кога Мек Мекдоналд го губи синот во несреќа, годините на огорченост му ја уништуваат љубовта кон семејството и прават да му се лути на Бога... и на сите други.Сè може да се смени одеднаш... и да мине долго време за да се врати старото. Кога Мек Мекдоналд го губи синот во несреќа, следните 17 години преполни со огорченост и болка му ја уништуваат љубовта кон неговото семејство и го оставаат лут кон Бога... и кон сите останати. Бесот на Мек негативно влијае врз неговата кариера во полицијата и доведува до експлозивна ситуација кога за негов партнер е назначен Сем Рајт, нова ѕвезда во полицијата, кој во слободното време е свештеник и е грижлив семеен човек. Можат ли тие некако да ги здружат силите за да си помогнат еден на друг кога е невозможно да ги решат своите разлики, особено онаа најочигледната? Секој ден имаме шанса повторно да ги изградиме врските и да ги залечиме длабоките рани преку давање и примање на Божјиот благодат. Понудете ја „Картата на благодатта“... и никогаш не потценувајте ја силата на Божјата љубов.
Се емитува
30-05-2012 17:30
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!