Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Деветгодишниот Макс бега од дома и плови преку морето за да стане крал на земјата „Каде што се дивите“. Кралот Макс владее со чудесниот свет на џиновските, влакнести чудовишта--но, да се биде крал можеби и не е толку безгрижно како што изгледа!
Во сите нас живее... сѐ што имаме некогаш видено, сѐ што некогаш имаме сторено и живеат сите кои некогаш сме ги сакале. Иновативниот режисер, Спајк Џонзи соработува со прославениот автор, Морис Сендак, за да ја донесе една од најомилените книги на сите времиња на големиот екран, со филмот „Каде што се дивите“, класична приказна за детството и местата каде одиме за да го разбереме светот во кој живееме.
Филмот ја раскажува приказната за Макс, надуеното и чувствително момче кое се чувствува несфатено во својот дом и бега во местото „Каде што се дивите“. Макс пристигнува на еден остров каде се среќава со мистериозни и чудни суштества чии чувства се диви и непредвидливи како и нивните постапки. „Дивите“ очајно посакуваат некој кој ќе ги води, исто како што Макс посакува кралство за владеење. Кога Макс е крунисан за крал, тој ветува дека ќе создаде место каде сите ќе бидат среќни. Сепак, наскоро Макс дознава дека владеењето со неговото кралство не е толку лесно и неговите тамошни врски се покажуваат како посложени од она што го мислел.
Се емитува
Прикажи ги сите
09-06-2012 12:05
18-06-2012 15:05
24-06-2012 08:00
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!