Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Лукас станува ѕвезда на француската музичка сцена пеејќи песни напишани од Томас, неговиот мртов пријател, но еден ден Томас се враќа, а за Лукас тоа е почеток на пет пеколни дена, додека се обидува да ги скрие своите слава и пари...Оваа неконвенционална музичка драма ни го прикажува Лукас, пејач кому му престои слава по десетте години низ 1990-те и во периодот по 2000 година, кога тој го трасира својот пат на француската поп сцена. За жал, тој успева да го стори тоа само преку крадење на песните од својот пријател Томас, композитор кој ненадејно исчезнува. Кога Томас одеднаш се појавува додека Лукас е на врвот на својот успех, тогаш тоа се заканува да уништи сè за што Лукас макотрпно работел.
Се емитува
30-05-2012 17:30
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!