Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Ловците на вампири, браќата Фрог се враќаат! Кори Фелдман се враќа како смртниот непријател на крвожедните демони во овој трет дел на филмовите за „Изгубените момчиња“.Во Сан Казадор, Калифорнија, смотаниот ловец на вампири, Едгар Фрог (Кори Фелдман) е избркан од неговата приколка. Но, писателката на бестселери, Гвен Либер (Танит Феникс) му нуди работа да го уништи главниот вампир, ДИЏЕЈ ИКС (Себ Кастанг), кој промовира рејв забави низ светот за да ја зголеми својата армија од вампири. Гвен кажува дека нејзиниот брат, Питер има исчезнато во Ибица пред две години, на една техно забава промовирана од вампир. Сега, ДИЏЕЈ ИКС доаѓа во Сан Казадор за да промовира жртвување за време на забава при крвава месечина, на следниот петок, а Едгар открива дека забавата ќе се случува во една кланица на еден остров. Гвен го најмува и холивудскиот учесник на едно реално шоу, Ларс Вон Гетз, кој доаѓа со камерманот, Клаус. Едгар го кани својот брат, Алан (Џејмисон Њулендер) да се придружи на тимот, но тој одбива и се здружува со својата пријателка, Зои (Кејси Б. Долан). Кога групата го наоѓа ДИЏЕЈ ИКС, Едгар открива тајна за главниот вампир.
Се емитува
Прикажи ги сите
09-06-2012 02:15
13-06-2012 23:15
25-06-2012 03:05
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!