Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Д-р Маршал е вовлечен во вртел на просторот и времето заедно со својот асистент и еден „реднек“. Во овој паралелен универзум, тие се спријателуваат со приматот Чака кој им е сојузник во светот полн со диносауруси и други суштества. Комичниот гениј Вил Ферел го игра д-р Рик Маршал, квантен палеолог кој е дискредитиран во научниот свет поради тоа што верува дека временското патување е лек за сите проблеми на човештвото. Откако паѓа на најниско можно ниво, предавајќи во основно училиште, д-р Маршал се среќава со амбициозната млада научничка по име Холи (Ана Фрил), која му кажува дека ја следи неговата работа и верува дека тој е гениј. Поттикнат од нејзиниот ентузијазам, тој завршува со изградбата на машина која ќе му овозможи да патува низ времето, нешто што веднаш го прави заедно со Холи и со продавачот на петарди Вил (Дени Мекбрајд). Вил ги води во една пештера која изгледа како добро место да се тестира новата машина. Тие завршуваат во свет полн со диносауруси, песок и страшни гуштеровидни суштества познати како „Слистеци“. Тие набргу ја губат машината која ги донела во овој паралелен универзум и ако сакаат некогаш да се вратат дома, мораат да ја најдат со помош на Чака (Џорма Такон), мајмуновидниот пријател кој го запознаваат во ова чудно место.
Се емитува
Прикажи ги сите
23-05-2012 03:25
23-05-2012 22:10
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!