Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Брит Рид е мрзелив фанатик по забави... но, тоа трае сè додека не ја најде својата сериозна кариера: херој кој се бори против криминалот. Во таа борба, тој се здружува со Като, генијот за електрични уреди кој е и мајстор за борбени вештини.Брит Рид (Сет Роуген) е син на најпознатиот и најпочитуваниот медиумски магнат во Лос Анџелес и радо води безгрижен живот полн со забава - сè додека татко му (Том Вилкинсон) не умира мистериозно, оставајќи му ја својата огромна медиумска империја на Брит. Откако склопува чудно пријателство со Като (Џеј Чоу), еден од највредните и најиновативните вработени на неговиот татко, тие двајцата ја гледаат својата шанса да направат нешто значително по прв пат во своите животи: да се борат против криминалот. За да се доближат до криминалците, тие смислуваат совршена маска: тие и самите ќе се претставуваат како криминалци.
Брит се претвора во одметникот со име „Зелениот стршен“, па штитејќи го законот преку негово кршење, тој и Като тргнуваат во акција на улиците. Користејќи ги своите генијалност и вештина, Като го создава најдоброто и најнапредно ретро оружје, „Црната убавица“, неуништливиот автомобил кој има моќно вооружување, исто колку што е моќен и според коњските сили. Возејќи се во оваа подвижна тврдина на тркала, задавајќи им удари на лошите момци со итрите изуми на Като, Зелениот стршен и Като набргу почнуваат да се прославуваат и со помош на новата секретарка на Брит, Ленор Кејс (Камерон Дијаз), почнуваат лов по Бенџамин Чудновски (Кристоф Волц), човекот кој го контролира подземјето на Лос Анџелес. Но, Чудновски има сопствени планови: да го уништи Зелениот стршен еднаш и засекогаш.
Се емитува
Прикажи ги сите
02-06-2012 12:55
11-06-2012 18:05
12-06-2012 07:55
29-06-2012 16:15
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!