Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Лудо и Ана живеат заедно веќе две години. Настапува секојдневната рутина. Иако и двајцата уште се сакаат, на крајот тие спијат со своите бивши... Лудо Декер и Ана Готзловски живеат заедно веќе две години. Настапува секојдневната рутина, а Лудо ги запоставува своите домашни обврски, што не ѝ се допаѓа на Ана, а нему пак му пречи нејзиното постојано жалење. Кога Лудо ја сретнува својата поранешна девојка, Мари во едно диско, а бившото момче на Ана, Ралф доаѓа да преспие неколку дена во нивниот стан, младиот пар се соочува со сериозна љубомора и сомневање во сопствената врска. Ана тајно ја чита телефонската порака на Лудо, додека пак тој го наоѓа „Списокот“ кој ги содржи поранешните љубовници на Ана, вклучително и Ралф кој е подобро рангиран од Лудо. По неколку провокации, Лудо го претепува Ралф во еден ресторан и налутено ја остава Ана. Иако и двајцата сè уште многу се сакаат, тие на крајот спијат со своите бивши...
Се емитува
Прикажи ги сите
21-05-2012 01:00
21-05-2012 22:30
02-06-2012 23:35
19-06-2012 00:25
30-06-2012 02:25
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!