Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Еден маж и неговата верна дружина од откачени пријатели осмислуваат сложен и оригинален план за да уништат двајца големи производители на оружје.Мина што експлодира насред мароканската пустина и години подоцна, заскитан куршум што пробива до неговиот мозок... Базил нема многу среќа со оружјето. Првото го остава како сирак, а второто за малку го остава мртов во истиот миг.
Кога Базил излегува од болница, тој нема дом. Среќата сака овој нежен сонувач со премногу активна фантазија да се придружи на една банда енергични багабонти чии аспирации и таленти се разнолики и изненадувачки. Ремингтон, Калкулатор, Бастер, Слемер, еластичната девојка, малиот Пит и Мама Чау живеат во пештера која наликува на онаа на Али Баба.
Еден ден, кога минува покрај две огромни згради, Базил ги препознава ознаките на производителите на оружје кои ги предизвикале неговите маки. Со помош на својата верна дружина од откачени пријатели, тој тргнува во потрага по одмазда. Нашата дружина од аутсајдери кои се борат против бездушните индустриски џинови, тргнува во борба помеѓу Давид и Голијат со сета имагинација и фантазија на Бастер Китон...
Се емитува
Прикажи ги сите
24-05-2012 03:30
24-05-2012 21:40
10-06-2012 03:35
15-06-2012 02:45
29-06-2012 23:15
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!