Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Џенифер Анистон и Џејсон Бејтман играат во шармантната и неконвенционална романтична комедија за најдобри пријатели кои случајно се зближуваат повеќе од очекуваното кога таа одлучува да има бебе.Џенифер Анистон, заедно со Џејсон Бејтмен, во оваа неконвенционална комедија ја игра Кејси, паметната и забавна жена која и покрај противењето на својот невротичен најдобар пријател, Воли (Бејтмен), одлучува дека е време да има бебе - дури и ако тоа значи дека таа самата ќе треба да го стори тоа... со малку помош од шармантниот донатор на сперма (Петрик Вилсон). Но, без нејзино знаење, плановите на Кејси тргнуваат во погрешна насока поради една замена која се случува во последен момент и се открива дури седум години подоцна... кога Воли се запознава со слаткиот и по малку невротичен син на Кејси.
Се емитува
Прикажи ги сите
21-05-2012 11:10
25-05-2012 17:30
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!