Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Пол е американски камионџија кој работи во Ирак. По еден напад од група Ирачани, тој се буди жив и закопан во ковчег. Имајќи само запалка и мобилен телефон, тој се трка со времето за да избега од оваа клаустрофобична смртоносна замка.Пол Конрој (Рајан Рејнолдс) е американски камионџија кој е најмен за работа во Ирак и додека испорачува кујнска опрема како дел од хуманитарната програма за помош, него го заробуваат герилци кои сакаат да го држат како заложник. Подоцна тој се буди 2 метри под земја и животот за овој семеен човек наеднаш станува пеколна борба за преживување. Закопан само со еден мобилен телефон и со една запалка, неговиот контакт со надворешниот свет и можноста да открие каде е неговата локација се премногу ограничени. Слабиот прием и батеријата која нагло се троши, како и сè помалото количество кислород му стануваат најлоши непријатели во оваа тесна трка со времето. Борејќи се против паниката, очајот и делириумот, Пол има само 90 минути да биде спасен пред да му се оствари најголемиот кошмар.
Се емитува
29-05-2012 02:55
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!