„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 2800 наслови: најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Amy Schumer, Goldie Hawn, Joan Cusack, Ike Barinholtz, Wanda Sykes
Откако момчето ја остава токму пред да одат на нивниот егзотичен одмор, фантазерката Емили Мидлтон (Ејми Шумер) ја убедува својата мајка Линда (Голди Хоун) да отпатува со неа во рајското место, што доведува до неочекувани настани.
Откако момчето ја остава токму пред да одат на нивниот егзотичен одмор, фантазерката Емили Мидлтон (Ејми Шумер) ја убедува својата мајка Линда (Голди Хоун) да отпатува со неа во рајското место. Емили и Линда се сосема спротивни личности и сфаќаат дека ако ги решат своите разлики како мајка и ќерка, тоа ќе биде единствениот начин да избегаат од лудата авантура во џунглата во која се заробени.