Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Потенцијалната ветеринарка Маја Дулитл (Кила Прат) е заробена во сјајот и гламурот на холивудската сцена откако ги користи своите посебни вештини како „зборувач со кучиња“ за да ѝ помогне на една позната, но депресивна чивава.Напуштајќи ги своите сништа да стане ветеринарка, Маја Дулитл и нејзиното куче, Лаки патуваат во Лос Анџелес, каде нејзиниот талент за зборување со животните ѝ ја носи работата како водителка во разговорно шоу за животни со познатата наследничка, Тифани Монако. Но, токму кога Лаки почнува да се вљубува во една кучка со педигре, Маја се одљубува од глупавите идеи на Тифани за тоа како да им се помогне на животните. Токму кога Маја мисли дека засекогаш ќе биде заробена во Холивуд и никогаш нема да стане ветеринар, Лаки, неговата нова девојка и целото стадо од животински пријатели се појавуваат за да го спасат денот.
Се емитува
Прикажи ги сите
05-06-2012 18:05
10-06-2012 11:40
14-06-2012 16:35
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!