Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Научникот и татко на двајца тинејџери, случајно ги смалува своите и уште двајца други тинејџери од соседството, до големина на инсекти. Сега, тинејџерите мораат да се борат со минијатурни закани додека таткото ги бара.Рик Моранис („Истерувачи на духови“, „Мала продавница на ужасот“) го игра презафатениот изумител чија електромагнетна машина за смалување случајно ги смалува неговите деца до големина на врв од молив! Кога несвесно ги фрла во ѓубрето, децата мораат да се обидат да се вратат дома низ џунглата од опасности во нивниот двор – борејќи се со агресивни инсекти, пчели, косилки за трева и многу други работи.
Се емитува
Прикажи ги сите
22-05-2012 10:05
07-06-2012 15:55
13-06-2012 12:40
23-06-2012 11:15
23-06-2012 17:15
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!