Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Животот не може да биде полош за 17-годишниот Дејн и неговиот 10-годишен брат, откако се селат од Њујорк во еден здодевен мал град. Но, тогаш тие наоѓаат една мистериозна црна дупка зад една заклучена врата во подрумот...Од легендарниот режисер, Џо Данте („Виење“, „Гремлини“) пристигнува трилерот кој ги прикажува стравовите и тајните закопани длабоко во човечкиот мозок.
Животот не може да биде полош за 17-годишниот Дејн и неговиот 10-годишен брат, Лукас, кога нивната самохрана мајка, Сузан ги сели од Њујорк во досадниот мал град, Бенсонвил. Единственото возбудливо нешто за Дејн во новиот град е убавата сосетка, Џули. Бидејќи Сузан минува сè повеќе време на работа, Дејн и Лукас се оставени самите да ги истражуваат длабочините на нивното чудно ново живеалиште. Бидејќи Дејн посветува сè повеќе внимание на Џули, тој има многу помалку време и трпение за својот мал брат.
Но, потоа сè се менува кога наоѓаат една мистериозна црна дупка под една заклучена врата на подот на подрумот. Кога браќата експериментираат со дупката, тие сфаќаат дека ладната бездна оди до бесконечност. Фрлаат паричка и не слушаат како паѓа. Тие спуштаат сијалица, а таа исчезнува во темнината. Надевајќи се дека ќе најдат одговори за минатото на куќата, Дејн и Лукас ја носат Џули да го види нивното ново откритие. Кога ја откриваат дупката, злото се ослободува. Зад секој агол демнат чудни сенки, а минатите кошмари оживуваат, па тројката ќе мора да се соочи со најтемните стравови за да ѝ стави крај на оваа „Дупка“.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!