Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Двајца несоодветни њујоршки детективи ја зграпчуваат можноста да станат како врвните полицајци во градот кои се нивни идоли, само што работите не одат баш по планот.
Несоодветните детективи на њујоршката полиција, Гембл и Хојц (Вил Фарел и Марк Валберг) се осудени на доживотна канцелариска работа. Тие се мразат меѓусебно, како и монотонијата на нивните безначајни работи, додека се присилени да живеат во сенката на двајцата најголеми и најопасни полицајци во тимот (Семјуел Л. Џексон и Двејн Џонсон). Но, кога овие двајца ги снемува, доаѓа шанса за Гембл и Хојц. Дали „Другите дечки“, кои налетуваат на нешто што би можело да биде најголема серија криминални случаи во последно време, ќе можат да го решат случајот без да се убијат меѓусебно и да ја уништат њујоршката полиција во процесот?
Се емитува
Прикажи ги сите
25-05-2012 01:20
25-05-2012 20:30
02-06-2012 00:45
14-06-2012 22:20
28-06-2012 01:55
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!