Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Драмата која се одвива во 1930-те го прикажува времето на беззаконието во кое се појавиле еден куп гангстери, од кои најпознат бил Џон Дилинџер. Напорите да се осуетат криминалците од висок профил довеле до оформување на денешното ФБИ.Режисерот Мајкл Ман, номиниран за наградата на Академијата, ја режираше оваа адаптација на бестселерот на Брајан Бороу во која се работи за познатиот владин агент, Мелвин Пурвис (Крисијан Бејл) и за неговиот напор да ги сопре Џон Дилинџер (Џони Деп, номиниран за наградата на Академијата) и неговата банда.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!