Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Рајден Малби (Алексис Бледел) има голем план. Да дипломира, да најде одлична работа, да се дружи со најдобриот пријател (Зак Гилфорд) и да го најде совршениот маж. Но, планот урнебесно излегува од контрола и таа мора да се врати дома.Рајден Малби (Алексис Бледел) имаше план. Да учи многу во средно училиште, па да добие одлична стипендија за факултет. Сега, кога конечно дипломира, време е да си најде убав и голем стан и да си ја најде работата од соништата во најдобрата издавачка куќа во градот. Но, кога Џесика Бард (Кетрин Рајтман), факултетската непријателка на Рајден, ѝ ја краде совршената работа, Рајден е присилена да се врати во својот дом од детството. Заглавена со своето ексцентрично семејство – тврдоглав татко, премногу стисната мајка и политички некоректна баба, многу чуден помал брат и сѐ поголемо купче на одбиени пријави за работа, Рајден почнува да се чувствува заглавена во место. Единствената позитивна работа е дружењето со нејзиниот најдобар пријател, Адам,–како и средбата со нејзиниот згоден сосед, Дејвид. Но, ако Рајден сака да го преживее периодот по нејзиното дипломирање, можеби е време да се смисли нов план...
Се емитува
Прикажи ги сите
26-05-2012 09:25
26-05-2012 14:55
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!