Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Три возрасни личности, секој со сопствена генијалност, и нивната мајка живеат во семејниот дом. Таткото, Ројал, кој е нечесен лажго, ги напуштил многу одамна, па се враќа за да ги поправи работите кај своето семејство.Ројал Тененбаум (Џин Хекмен) бил успешен адвокат со три деца и сопруга по име Етелин (Анџелика Хјустон), која била археолог. Секое од децата на Тененбаум било потенцијален гениј: Чес (Бен Стилер) бил одличен инвеститор. Ричи (Лук Вилсон) бил младински шампион во тенис и трикратен американски првак. Посвоената Марго (Гвинет Палтроу) била сценарист и добила грант од 50.000 долари во деветто одделение. Кога Ројал одеднаш го напуштил своето семејство, тоа претставувало почеток на две децении полни со предавства и неуспех, што засекогаш оставиле лузна во семејството Тененбаум. Омразата од нивното минато испливува на површина против Ројал, кој одеднаш повторно се појавува со тврдење дека има уште шест недели живот и дека сака повторно да се поврзе со своето семејство. Приказната на Ројал како и обично е лага, но неговото присуство и искрената желба за покајание имаат големо влијание врз семејството Тененбаум, кое се справува со неуспешни желби и врски.
Се емитува
Прикажи ги сите
29-05-2012 17:20
01-06-2012 17:20
07-06-2012 11:20
21-06-2012 01:15
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!