Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Во комичното разоткривање на големите мани кои лежат под сјајното, модерно италијанско општество, „Денешните чудовишта“ комплетира една трилогија на италијански филмови, ......вклучувајќи ги филмовите „Чудовишта“ од 1963 и „Новите чудовишта“ од 1977. Предводена од неколкуте врвни италијански ѕвезди, оваа комедија прикажува серија поврзани, преплетени приказни и вињети кои наоѓаат хумор во претераните аспекти на современа Италија.
1, Во комичното разоткривање на големите мани кои лежат под сјајното, модерно италијанско општество, „Денешните чудовишта“ комплетира една трилогија на италијански филмови, која трае со децении, вклучувајќи ги филмовите „Чудовишта“ од 1963 и „Новите чудовишта“ од 1977. Предводена од неколкуте врвни италијански ѕвезди, Диего Абатантуоно („Криминален роман“), Џорџо Панариело и Клаудио Бисио („La cura del gorilla“, „Si può fare“), оваа комедија прикажува серија поврзани, преплетени приказни и вињети кои наоѓаат хумор во претераните аспекти на современа Италија.
2, ДЕНЕШНИТЕ ЧУДОВИШТА е новата комедија на режисерот, Енрико Олдоини. Овој филм може да се смета како трето поглавје на претходните филмови: филмот „Чудовишта“ со 20 епизоди од 1963, во режија на Дино Риси и „Новите чудовишта“ со 14 епизоди од 1977, во режија на Дино Риси, Марио Моничели и Еторе Скола. Во овој филм, како и во претходните два, многуте пороци, слабости и стравови во современа Италија се пародично прикажани преку 16 различни епизоди; минуваат годините и децениите, но дефектите кои Италија ги има се секогаш исти. Овде тие се прикажани во епизодите кои се комични, огорчени, гротескни, импозантни: цинизам, алчност, апатија, лажен конформизам и одвратно однесување, измама и така натаму... Во филмот играат Диего Абатантуоно, Сабрина Ферили, Џорџо Панариело, Клаудио Бисио, Анџела Финокиаро и Карло Букиросо.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!