Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Во последната кинематографска епизода врз основа на бестселерот на Стиг Ларсон, Лизбет (Нуми Рипејс) се опоравува во болница и го чека судењето за три убиства. Микел (Мајкл Никвист) мора да ја докаже нејзината невиност, а таа кова одмазда. ДЕВОЈКАTA ШТО КЛОЦНА СТРШЕНСКО ГНЕЗДО е третата и последна филмска адаптација на бестселер трилогијата напишана од покојниот шведски автор, Стиг Ларсон. Во овој последен дел, Лизбет Саландер (Нуми Рипејс) лежи во критична состојба со прострелна рана во главата, во единицата за интензивна нега на една градска болница во Шведска.
Таа се бори за својот живот на повеќе начини: ако и кога ќе се опорави, таа ќе биде однесена во Стокхолм за да биде на судење за три убиства.
Со помош од нејзиниот пријател, новинарот Микел Бломквист (Мајкл Никвист), таа нема да мора само да ја докажува својата невиност, туку ќе мора и да ги препознае и обвини оние кои се на позиција и кои имаат дозволено некој кој е ранлив како неа да биде подложен на злоупотреба и насилство.
А таа самата ќе скрои одмазда - против човекот кој се обиде да ја убие и против корумпираните владини институции кои за малку ќе го уништеа нејзиниот живот.
ДЕВОЈКАTA ШТО КЛОЦНА СТРШЕНСКО ГНЕЗДО ја прикажува Нуми Рипејс во главната улога на испирсаниот и тетовиран генијален компјутерски хакер, Лизабет Саландер, Мајкл Никвист го игра Микел Бломквист, новинарот и издавач на списанието „Милениум“, а Лена Ендре (Ерика Бергер) ја игра уредничката на списанието и повремена љубовничка на Бломквист.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!