Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Дебелиот самотник, Рино има 30 години, опседнат е со порно и никогаш не бил со жена. Тој живее со татко си и има еден пријател. Татко му изнајмува соба на една отворено сексуална девојка која го предизвикува Рино да ги сруши своите бариери.Рино Хансен е 30-годишен маж кој времето го минува сам во еден стан во сопственост на татко му, гледајќи порно, пиејќи пиво и цртајќи еден експлицитен стрип по име „Дебел“. Тој никогаш не бил со жена и има само еден пријател: астматичниот губитник преполн со омраза, Филип. Одеднаш, татко му изнајмува една од собите во станот на една млада девојка по име Малин, еманципирана и очигледно неинхибирана личност која се докажува себеси преку сексот, пријателите и дивиот живот. Одеднаш, силната тврдина на Рино е под инвазија од светот кој тој толку долго го има избегнувано. Преку запознавањето со Малин и нејзините пријателки, Рино постепено ја користи шансата да стане дел од светот кој целиот свој живот се обидувал да го избегне, а судено му е да не успее во тоа!
Се емитува
Прикажи ги сите
26-05-2012 02:05
26-05-2012 23:00
06-06-2012 02:10
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!