Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Во Дивиот Запад, една банда коњокрадци од Монтана купува фарма до ранчот на еден човек по име Брекстон, кој е нивен непријател. Брекстон најмува еден психопат за да му помогне да ги спречи. Тој употребува невообичаени методи и маски...Не постои подиво место во американскиот Див Запад од Монтана во 1880-те. Таму, мажите жестоко се бореле да обезбедат живот од земјата и за да го зачуваат она што го имале. Том Логан е таков маж, иако неговите работни навики се во некоја мерка неконзервативни. Тој е опуштен коњокрадец и е водач на банда.
Дејвид Брекстон е друг вид на човек. Тој е моќен ранчер кому му е преку глава да биде жртва на луѓето како Логан. Брекстон го најмува Ли Клејтон, “регулаторот“, да ги истера крадците од својата територија. Клејтон е опасен, ладнокрвен човек кој е брутално ефикасен во својата работа. Тој ги убива злосторниците еден по еден, ослободувајќи се од нив на многу насилен начин.
На крајот, Клејтон и Логан стојат лице в лице. Изгледа дека коњокрадецот го издишува својот последен здив. Но, Логан има уште неколку трика во својот ракав, а има и силна желба за преживување. Резултатот од нивната ужасна последна средба е изненадувачки.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!