Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Едно семејство на кое му треба дополнителен простор, развива тежок однос со соседите. „Дајте“ претставува хумористичен поглед врз спротивставеностите што ги носи модерниот живот, добрите намери и лабавите морални стандарди.Кејт (Кетрин Кинер) има многу работи на ум. Има етички проблем со купување евтин мебел кој потоа го продава по висока цена во својата луксузна продавница на Менхетен (а до каде може да оди со набивањето цена?). Потоа, таа има материјалистички проблем поради тоа што не сака нејзината ќерка-тинејџерка (Сара Стил) да ги сака скапите работи кои таа самата ги сака. Потоа, тука е брачниот проблем во кој треба да го споделува партнерскиот однос околу родителската грижа, бизнисот и животот со нејзиниот сопруг, Алекс (Оливер Плат), но со чувство на сомнеж кое ги разјадува брачните темели. Кејт ја мачи и главниот проблем на 21-от век - проблемот за тоа како да се живее добро и да се биде добра личност кога сиромаштијата, бездомништвото и тагата секогаш ви се пред врата.
Згора на тоа, тука се и соседите: здодевната и постара Андра (Ен Гилберт) и нејзините две внуки кои се грижат за неа (Ребека Хол и Аманда Пит). Додека Кејт, Алекс и Еби комуницираат со соседите и меѓусебно, како и со својата њујоршка околина, се развива една комплексна мешавина од злонамерност, пријателство, измама, вина и љубов со остар хумор и заплет. Филмот „Дајте“ на сценаристот/режисерот Никол Хологценер претставува хумористичен поглед на спротивставеностите на модерниот живот, добрите намери и колебливите морални стандарди.
Се емитува
Прикажи ги сите
22-05-2012 23:05
27-05-2012 04:05
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!