Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Бенџамин (Мајкл Ангарано), образуван дома од неговата ексцентрична мајка (Џенифер Кулиџ), е осаменик чија страст за пишување го носи на едно патување кога неговата приказна е украдена од еден легендарен писател на фантастични романи.Што имаат заедничко научно-фантастичните романи, пуканките, микроорганизмите, бунтовните тинејџери, плагијаторството и книгата на д-р Роналд Шевалие? Сите се дел од чудниот свет на ГОСПОДА БРОНКО, од режисерот Жаред Хес, човекот зад филмовите НАПОЛЕОНОВСКИ ДИНАМИТ и НАЧО ЛИБРЕ. Филм за чудните адолесцентни уметници насекаде низ светот, ГОСПОДА БРОНКО спојува серија наративи за Бенџамин Пурвис (Мајкл Ангарано), симпатичен губитник чија страст за пишување научно-фантастични романи е испревртена кога неговиот идол, славниот автор на фантастични романи, д-р Роналд Шевалие (Џемејн Клемент) му ја краде приказната во еден камп за писатели.
Бенџамин, 17 годишен писател на научна фантастика, живее во Јута со мајка му (Џенифер КУлиџ), дизајнерка која работи на линија која ја нарекува „Пристојни почетоци“. Бидејќи е образуван дома, Бенџамин нема многу искуство во вистинскиот свет, но неговата фантазија го води на фантастични светови далеку од малиот град во кој живее. Кога дознава дека неговиот идол, д-р Роналд Шевалие ќе предава на фестивалот Клитус („кампот за најдобри писатели во Јута“), тоа е единствена шанса за младиот автор. Тој ги пакува своите најдобри текстови, ГОСПОДАРИТЕ НА МИКРООРГАНИЗМИТЕ: ГОДИНИТЕ НА БРОНКО и тргнува да ја исполни својата судбина. Таму, тој се среќава со нови, исто така неприлагодени пријатели -- писателот на романси Табата (Хејли Фајфер) и адолесцентниот филмаџија, Луни (Хектор Хименез).
Учеството на Бенџамин на фестивалот има два изненадувачки резултата. За неговиот роман, Луни мисли дека треба да се направи во нискобуџетен филм, а Шевалие самиот е толку импресиониран од делото на Бенџамин што во очаен обид да ја спаси сопствената кариера, одлучува малку да го промени ракописот и да го објави како негов роман, ХРОНИКИТЕ НА БРУТУС И БАЛЗАК.
Приказната за ГОСПОДАРИТЕ НА МИКРООРГАНИЗМИТЕ е видена од три различни агли на гледање: оригиналната приказна на Бенџамин, изменетата верзија на Шевалие и нискобуџетната адаптација на Луни.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!