Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
За време на војните на Наполеон, група морнари ги истражуваат разликите помеѓу нивните животи и другата страна на светот, завршувајќи на Галапагоските острови.Во април 1805, за време на војните на Наполеон, британската фрегата, „ХМС Сурпрајз“ е под команда на капетан Џек Обри, Наредбите за Обри и неговиот брод се да најде, зароби или уништи еден француски брод по име „Ашерон“. „Ашерон“ моментално се наоѓа во Атлантскиот океан, до брегот на Јужна Америка, упатувајќи се кон Пацифичкиот океан за да помогне во војните на Наполеон. Ова ќе биде тешка задача бидејќи Обри набргу во првобитната битка со Ашерон дознава дека тој е поголем и побрз брод од „Сурпрајз“, со што предноста не е на страната на „Сурпрајз“. Тврдоглавоста која Обри ја има во овој навидум невозможен потфат, го втурнува во конфликт со докторот на „Сурпрајз“, натуралистот Стефен Матурин, кој е и најверен советник на Обри и најблизок негов пријател. Обри, кој се соочува со други пречки кои доведуваат до помислата дека се работи за лоша среќа, на крајот ги користи научните методи на Матурин за да најде пат да ги постигне своите навидум невозможни цели.
Се емитува
Прикажи ги сите
08-06-2012 15:30
23-06-2012 07:20
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!