Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кога неговиот брат абдицира, Џорџ VI неволно ја прифаќа круната. Бидејќи неговата говорна мана наскоро предизвикува загриженост околу неговите лидерски способности, кралот Џорџ VI бара помош од неконвенционалниот логопед, Лајонел Лоџ. По смртта на неговиот татко, кралот Џорџ V (Мајкл Гамбон) и скандалозната абдикација на кралот Едвард VIII (Гај Пирс), Берти (Колин Фирт) кој пати од тешка говорна мана целиот свој живот, одеднаш е крунисан како кралот Џорџ VI од Англија. Бидејќи неговата земја е на работ на војна и има очајна потреба од лидер, неговата сопруга, Елизабет (Хелена Бонам Картер), идната кралица-мајка, решава нејзиниот маж да оди на терапија кај логопедот Лајонел Лоџ (Џефри Раш). По еден тежок почеток, тие двајцата создаваат еден необичен тек на третманот и на крајот оформуваат нескршлива врска. Со поддршката од Лоџ, неговото семејство и неговата влада, како и со помошта од Винстон Черчил (Тимоти Спал), кралот ќе ја совлада својата говорна мана и ќе одржи радио обраќање кое ќе го инспирира и обедини народот во борба.
Врз основа на вистинитата приказна за кралот Џорџ VI, „Говорот на кралот“ ја прикажува потрагата на монархот по сопствениот глас.
Се емитува
Прикажи ги сите
07-06-2012 15:50
08-06-2012 08:15
19-06-2012 14:10
24-06-2012 18:05
25-06-2012 06:00
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!