Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кога една девојка од мал град, по име Џун среќава еден мистериозен туѓинец, таа мисли дека го има најдено мажот на своите сништа. Но, наскоро открива дека тој е шпион-бегалец кој ја носи во една бркотница низ целиот свет..Џун Хејвенс (Камерон Дијаз) се подготвува за лет назад кон својот дом за свадбата на сестра си, кога буквално се судира со Рој Милер (Ром Круз) насред еден раздвижен аеродром. По неколку минути тие разговараат на авионот, а Џун заминува кон тоалетот кога одеднаш во авионот настанува хаос. Додека Џун да излезе, Рој веќе ги убил сите во авионот, вклучувајќи ги и пилотите. Откако принудно го слетува авионот, Рој ѝ кажува на Џун дека таа треба да очекува посета од владини агенти, но ја предупредува дека соработката со нив би можела да значи речиси сигурна смрт за неа.
Следниот ден, предвидувањето на Рој се остварува кога Џун се соочува со група владини агенти врз кои започнува стрелба додека тие ја бомбардираат со прашања за нејзиниот мистериозен сопатник. Наеднаш, Рој се враќа и уште еднаш ја спасува Џун. Но, што сакаат агентите и зошто инсистираат дека треба да се плаши од Рој, а не од нив?
За кратко време, девојката која никогаш нема патувано далеку од дома, тргнува на дива авантура која ќе ја одведе од тропските предели до Австрија, Франција и Шпанија. Низ целата таа збунетост и пукотниците, Џун почнува да гради врска со Рој. За жал, никогаш не е сосема јасно дали нејзиниот непредвидлив заштитник е лош или добар, а додека Рој не открие дека се обидува да заштити еден нов енергетски ресурс, нема време за прашања.
Се емитува
Прикажи ги сите
31-05-2012 17:15
05-06-2012 18:15
17-06-2012 14:20
18-06-2012 06:00
28-06-2012 12:50
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!