Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Британските филмски награди спонзорирани од Оринџ ги наградуваат најдобрите дела од која било нација, видени во британските кина во минатата година. Во 2012 ќе се одржат на 12 февруари, во „Ројал Опера Хаус“ во лондонскиот „Ковент Гарден“.Британската Академија за филмски и телевизиски уметности ги поддржува, развива и промовира филмските уметнички форми, препознавајќи и наградувајќи квалитет и носејќи инспирација за филмските работници и придобивки за публиката.
Со членство на експерти од индустријата од речиси 6500 лица, глобално земено, БАФТА го насочува своето внимание на највисоките достигнувања во филмот, видео игрите и телевизиските програми прикажани во Обединетото Кралство секоја година, за да се мотивираат и инспирираат оние кои ги создаваат, како и да се образува и развие вкусот на оние кои ги гледаат.
Промовирањето квалитет опфаќа многу повеќе од церемонијата за награди на БАФТА. Како добротворна организација, Академијата игра еднакво моќна улога во нашето седиште во улицата „195 Пикадили“, низ нашите нации и региони, во кината, училиштата и заедниците во Обединетото Кралство и САД.
Давањето шанса членовите на БАФТА, индустријата и јавноста од прва рака да учат од мајсторите е една од главните услуги кои ги обезбедува Академијата. Прикажувајќи ја вештината за продукција на филм, телевизија и видео игри, БАФТА обезбедува форум на знаење кој треба да се сподели низ сите дисциплини, што од друга страна стимулира повисоки стандарди низ целиот спектар.
Во 2012, наградите ќе се случат на 12 февруари, во „Ројал Опера Хаус“ во лондонскиот „Ковент Гарден“.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!