Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Во „Битка: Лос Анџелес“, Земјата е нападната од непозната сила. Додека луѓето насекаде гледаат како големите светски градови паѓаат, Лос Анџелес е последното упориште на човештвото во битката која никој не ја очекуваше.Со години постојат документирани случаи на НЛО низ светот – Буенос Аирес, Сеул, Франција, Германија, Кина. Но, во 2011, она што порано биле само забележувања на НЛО, сега се претвораат во ужасна реалност кога Земјата е нападната од непознати сили. Додека луѓето насекаде гледаат како паѓаат големите светски градови, Лос Анџелес станува последното упориште на човештвото во битка која никој не ја очекуваше. Маринскиот полковник (Арон Екарт) и неговиот нов вод мораат да се борат против непријател каков што не сретнале досега.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!