Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Поглед врз животот на легендарниот американски пилот, Амелија Ернхарт, која има исчезнато прелетувајќи преку Тихиот Океан во 1937, во обид да го прелета светот. Неверојатен живот полн со авантура, слава и мистерија е прикажан во АМЕЛИЈА, опширен, воодушевувачки приказ на легендарниот пионер на авијацијата, Амелија Ернхарт. Откако станува првата жена што прелетува преку Атлантскиот Океан, Амелија е фрлена во нова улога како американска љубимка - легендарната „божица на светлоста“, позната по својата смела и огромна харизма. Сепак, и покрај нејзината светска слава, нејзината верба во флерт со опасноста и во тоа да се застане како своја, храбра жена, никогаш се нема променето.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!