Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Дојдете на оваа смешна авантура. Кога Кејт, главната „алфа“ волчица и Хамфри, опуштениот “омега“ волк, од страна на ренџерите на националниот парк се релоцираат на спротивната страна на земјата, тие тргнуваат на неверојатно враќање дома.Како изгледа највозбудливото патување? Автостопирање, бензински пумпи, лути мечки, бодликави прасиња и гуска која игра голф и има патка како кедишек. Баш онака како кога Кејт и Хамфри, двата волка кои се обидуваат да се вратат дома, се релоцирани на другата страна на земјата од страна на ренџерите во националниот парк. Хамфри е „омега“ волк чии денови минуваат во зезанции и дружење со својата дружина од волци кои сакаат забава и верверици кои играат видео- игри. Кејт е „алфа“ волчица, дисциплинирана и елегантна во стилот на Лара Крофт. Мотото на Хамфри е „засмеј ги“, а мотото на Кејт е „јас сум шефица“. Пред нив има уште илјадници километри.
Кога се враќаат дома, волчите глутници се спремаат за конфликт. Само Кејт и Хамфри можат да го вратат мирот. Но, прво мора да се справат еден со друг.
Се емитува
Прикажи ги сите
29-05-2012 11:25
10-06-2012 06:00
18-06-2012 11:50
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!