Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Само неколку секунди пред Земјата да биде уништена од една вонземска градежна компанија, Артур Дент ја напушта планетата со својот пријател, Форд Префект, истражувач кој го пишува новото издание на „Автостоперски водич за галаксијата“. Земјанинот Артур Дент има многу лош ден. Неговата куќа тукушто треба да биде демолирана и тој открива дека неговиот најдобар пријател е вонземјанин, а како шлаг на сè, планетата Земја тукушто треба да биде уништена за да се направи вселенска обиколница. Единствената шанса за преживување на Артур е да влезе во едно вселенско летало кое е на минување. Артур тргнува на патување во кое открива дека ништо не е како што изгледа: тој открива дека пешкирот е најкорисната работа во универзумот, ја открива смислата на животот и открива дека сè што треба да знае може да се најде во книгата „Автостоперски водич за галаксијата“.
Се емитува
Прикажи ги сите
22-05-2012 12:55
03-06-2012 10:10
07-06-2012 14:00
19-06-2012 16:05
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!