Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Дејвид Спејд го игра Џо Копачот, идиот кој работи како чистач и кој ги бара своите родители кои го имаат оставено во Големиот кањон на Колорадо кога бил бебе.Оставен од своите родители како дете, Џо Копачот (Дејвид Спејд) морал сам да расте. Сега, кога е возрасен и работи како хаус-мајстор, Џо тргнува во потрага по родителите кои го имаат напуштено. По пат, тој се спријателува со еден средношколски хаус-мајстор (Кристофер Вокен), со еден тренер на алигатори (Розена Аргет), со прекрасната, но недопирлива Бренди (Британи Даниел) и со Роби (Кид Рок), ривалот кој се бори со Џо за нејзиното внимание. На крајот, Џо стигнува до Лос Анџелес, каде еден радио водител (Денис Милер) го вработува во едно радио шоу за да го исмева. Но, како што Џо ја раскажува својата приказна, слушателите го прифаќаат и целиот град почнува секојдневно да ја слуша радиостаницата за да ги чуе авантурите на Џо Копачот. Наскоро, публиката низ целиот свет се придружува за му помогне на овој чуден херој да ја открие мистеријата за исчезнувањето на неговото семејство, што доведува до неверојатни резултати.
Се емитува
Прикажи ги сите
27-05-2012 12:50
31-05-2012 06:00
03-06-2012 15:30
16-06-2012 13:25
16-06-2012 18:45
27-06-2012 12:50
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!